„На Германија не ѝ се случи Дончиќ, туку ѝ се случи Словенија!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар и ѕвезда на Далас маверикс, Лука Дончиќ кажа дека триумфот над Германија е заслуга на сите играчи.

Дончиќ постигна 36 поени, 10 скокови и четири асистенции, па така ја запре победничката серија на Германија.

Германците кажаа дека Дончиќ блеснал на мечот и сам ги победил, но Лука реши да ги поправи со негова изјава за медиумите.


„Не им се случи Дончиќ, туку им се случи Словенија. Не играв само јас, туку и моите соиграчи беа одлични. Треба да се држиме заедно во добро и во лошо, само така може да победиме“, кажа Дончиќ.

Словенија во следното коло од групната фаза ќе игра против Франција.