На Нејмар му се здосади од фудбал – сака да игра во МЛС поради долгиот одмор?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Една од најголемите ѕвезди на ПСЖ, Нејмар би сакал пред крајот на кариерата да заигра во американската МЛС-лига, по што ќе се врати во Сантош, каде што ќе се збогува од фудбалските терени.

Бразилецот би можел да го продолжи трендот на голем број фудбалери кои од Европа заминуваат во МЛС-лигата за да заработат повеќе пари, но и да добијат поголем одмор.

„Се сомневам дека повторно ќе играм во Бразил, иако сакам да ја завршам кариерата во Сантош. Не знам, но би сакал да настапам и во МЛС-лигата, би сакал да играм таму барем една сезона. Главна причина е тоа што сезоната е пократка и ќе ми овозможи тримесечен одмор“, кажа Бразилецот.

Нејмар има 30 години и во последните сезони има големи проблеми со повреди, па затоа никогаш не го исполни целосно својот потенцијал.