На Зидан му се „тресе“ клупата: Реал Мадрид има подготвена замена, и тоа негов бивш соиграч


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Променливите резултати на на Реал Мадрид од почетокот на сезоната го ставија Зинедин Зидан во лоша позиција и сега се шпекулира за негово заминувње од клупата на шампионот.

Доколку не се поправат резултатите, тогаш Зидан најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид, а шпанскиот тим има подготвена замена за него.

Станува збор за поранешниот капитен на „кралевите“, Хозе Марија Гутиерез, кој на пошироката јавност е познат како Гути.

Гути стана тренер токму во шпанскиот тим, а исто така му беше помошник и на Гунеш во Бешикташ, а потоа ја предводеше и Алмерија.