Надал, Алкараз, Руд: Кој ќе биде нов лидер на АТП-листата?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рускиот тенисер Данил Медведев загуби од Ник Кирјос во осминафиналето на Ју-Ес Опен, а тоа значи дека од понеделник повеќе нема да биде прв тенисер на АТП-листата.

Во конкуренција за лидерското место на ранг-листата се тројца тенисери, а тоа се Рафаел Надал, Карлос Алкараз и Каспер Руд.

За Надал да биде на врв од понеделник има три опции. Една од нив е да стигне до финале на турнирот во Њујорк, а другата е да се пласира во четвртфинале, но Алкараз или Руд да не го освојат трофејот. Последната опција е да загуби во осминафинале, а останатите двајца да не играат во финале.

Алкараз може да биде прв само во два случаи, и тоа ако го освои пехарот, а Надал не игра во финале. А втората опција е да загуби во финале, но и Надал да испадне во осминафинале.

Руд би можел да биде прв од понеделник ако го освои турнирот, а Надал не стигне до финале или ако Надал загуби во четвртфиналето, а тој стигне до финале.