Надал не може да се помири со трофејот на Ѓоковиќ во Мелбурн, па затоа настрада Медведев!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тони Надал, поранешниот тренер и чичко на Рафаел Надал, не може лесно да го прифати новиот трофеј на Новак Ѓоковиќ на Австралијан опен.

Ѓоковиќ по деветти пат во кариерата ја освои шампионската титула во Мелбурн откако во финалето го совлада рускиот тенисер Данил Медведев со 3-0 во сетови, односно 7-5, 6-2 и 6-2. Најдобриот тенисер во светот така стигна до 18. гренслем-титула во кариерата и само два трофеи му недостигаат да се израмни со Надал и Роџер Федерер.

Поранешниот тренер на Рафа поради тоа го критикуваше 25-годишниот Русин.

„Сигурен сум дека Медведев на теренот излезе со сите потребни информации за Ѓоковиќ, но не успеа да ги смири фрустрациите по првиот сет. Ме изненадува тоа што спортисти на такво ниво имаат лоши навики…“, вели Тони.