Надал по пензијата на Федерер: Ова е тажен ден за спортот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рафаел Надал реагираше по објавата дека Роџер Федерер оди во пензија и кажа дека ова е тажен ден за спортот.

Федерер оди во пензија по настап на Лејвер купот следната недела, а досега во кариерата освои 103 трофеи од кои 20 се гренслем-титули.

Федерер и Надал одиграа голем број дуели, но едно големо ривалство завршува токму тука, по што Шпанецот испрати порака до неговиот колега.

„Роџер, пријателе, ривалу… Се надевав дека овој ден нема да дојде. Ова е тажен ден за мене и за спортот. Имавме чест да уживаме покрај твојата магија. Знам дека во иднина ќе имаме убави моменти“, кажа Надал.