Нагелсман по отказот во Баерн презема англиски гигант!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот тренер Јулијан Нагелсман доби отказ од Баерн Минхен, иако со екипата избори четвртфинале во Лигата на шампиони, додека во Бундеслигата беше втор со еден бод помалку од Борусија Дортмунд.

Со оглед на тоа, на многумина не им беше јасен потегот на раководството на Баерн, а 35-годишниот тренер деновиве се поврзува со многу екипи кои би можеле да бидат негова следна дестинација.

Новинарот на „Скај Спортс“, Флориан Платенбург открива дека Нагелсман сака да го преземе Челси, односно „сините“ ќе направат сè за да го ангажираат, иако не е јасно како ќе се случи тоа бидејќи ќе мора да платат огромна отштета за да го избркаат Грем Потер.

Платенбург вели дека Челси планира да се ослободи од Потер идното лето, откако ќе ја „пополни“ дупката во буџетот, по што ќе го ангажира Нагелсман.