Нагелсман: Разбирам сè, но 450 закани по живот се премногу!

Навивачите на Баерн Минхен не се задоволни поради елиминацијата на клубот од Лигата на шампиони (ЛШ) од шпански Виљареал.

Откако баварскиот гигант во двата меча одиграно лошо и испадна од елитата, навивачите збеснаа, па почнаа со закани.

Најпрво му се закануваа на спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ и семејството, а потоа и на тренерот Јулијан Нагелсман.

Тренерот на баварскиот гигант соопшти дека добил повеќе од 450 пораки во кои му се заканувале.

„Се соочувам добро со критиките, но не и со 450 закани по мојот живот, и по животот на мајка ми. Ова е премногу. Мајка ми не гледа воопшто фудбал, зошто ѝ се закануваат и на неа!?“, вели Нагелсман.