Најемотивна фотографија: Дел Потро со неверојатен потег се збогуваше од тенисот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хуан Мартин дел Потро го одигра својот последен меч во кариерата, која ја заврши со пораз од Федерико Делбонис во Буенос Аирес.

Дел Потро се расплака во последниот гем од натпреварот затоа што не можеше да прифати дека тоа е крајот на неговата кариера.

Сепак, на крајот направи нешто неверојатно и неговото емотивно заминување од тенисот ќе се памети уште долго.

Аргентинецот се приближи до мрежата, ја симна неговата лента од главата и ја намести преку мрежата. Потоа ја бакна како последно збогум, а тоа не е необично во Јужна Америка затоа што така се збогуваат од омилените работи.

„Денеска е крајот. Сега морам да се погрижам за секојдневниот живот. Ја оставам отворена вратата за тенисот, зашто тоа искуство е незаборавно“, вели Дел Потро.