Најголемиот мурал на Ѓоковиќ изработен во БиХ (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Академскиот сликар од Сараево, Милош Поповиќ направи импресивен мурал од Новак Ѓоковиќ на една станбена зграда во Трново.

Муралот е висок осум метри, а на уметникот му требаа пет дена за да го заврши. Поповиќ вели дека станува збор за најголемиот мурал на светот кој е посветен на Србинот.

„Со оглед на тоа дека Ноле е број еден во светот на спортот, тоа е глобална порака. Верувам дека сите кои ќе ја посетат оваа мала општина, ќе искористат шанса да се фотографираат покрај муралот“, кажа Поповиќ.