Најталентираната македонска ракометарка се сели во Франција


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонската ракометарка Ива Младеновска потпиша договор со Брест Бретањ до 2027 година, а за францускиот тим ќе заигра следната сезона.

Младеновска игра за Металург, а играше и за репрезентацијата на Македонија, па ќе биде петто засилување на Брест Бретањ за следната сезона.

„Ракометот во Франција е на многу повисоко ниво, но јас сум подготвена за нови предизвици и се надевам дека ќе му помогнам на клубот во иднина“, кажа Младеновска.