Најзгодната хрватска навивачка ги покажа облините во Катар (Фото)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Хрватска одигра 0-0 против Белгија и обезбеди осминафинале на Светското првенство (СП), а повторно главна на трибините беше најзгодната навивачка Ивана Кнол.

Атрактивната Хрватка веќе со години ја следи репрезентацијата на „коцкестите“ и често се разголува на трибините, но овој пат правилата во Катар се поинакви и тоа беше забрането.

Барем сите така мислеа, додека Ивана не реши да се разголи и да ги покаже своите заводливи облини, па така со бујно деколте се појави на трибините на мечот со Белгија.

Исто така, згодната навивачка реши да облече бикини и така да направи фото-сесија во Доха за дополнително да ги изнервира властите, но засега нема реакција од нив.