Најзгодната тенисерка прво се појави во бикини, па во кратко фустанче (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Згодната тенисерка Ежени Бушар повторно е во центар на внимание поради нејзиното издание пред почетокот на турнирот во Гвадалахара, Мексико.

Бушар паузираше дури 17 месеци од тениските терени поради повреда, по што доживеа голем пад на ВТА-листата, но сепак таа почна да се враќа во ритам.

Девојката од Канада се појави пред турнирот во Мексико во кратко фустанче и така привлече големо внимание кај нејзините фанови.

Една недела претходно Бушар повторно ги возбуди фановите, откако објави слика во бикини, а тоа не е првпат да ја гледаме згодната тенисерка во провокативно издание во кое почесто се појавуваше во минатото.