Напаѓач сам му се „понуди“ на Реал: Сакам да играм во Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот интернационалец Лука Јовиќ наскоро би можел да замине од Реал Мадрид затоа што ја загубил довербата кај тренерот Зинедин Зидан. Напаѓачот се поврзува со Арсенал, па останува да видиме дали премиерлигашот ќе испрати некој примамлива понуда.

Реал Мадрид така би останал без еден напаѓач за наредното лето. Јовиќ го платија 60 милиони евра, но имаат и план за да купат нов резервен фудбалер во случај да им треба за некој натпревар.

Еден напаѓач отворено им се понуди, а би можел да стигне целосно бесплатно во Мадрид.

„И кога бев помлад навивав за Реал Мадрид. Раул, Роберто Карлос, Редондо и Роналдо ми беа омилени. Ако ме пуштат да бирам, јас би играл во Мадрид“, кажал Артем Ѕуба.