Наполи го „попари“ Ливерпул, хет-трик за Левандовски (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот калчолигаш Наполи славшее со 4-1 против Ливерпул на стартот на Лигата на шампиони (ЛШ), додека Роберт Левандовски постигна хет-трик во победата на Барселона од 5- против Викторија Плзен.

Зиелински постигна два гола против Ливерпул, додека уште по еден во мрежата на Алисон дадоа Ангиса и Симеоне, а за екипата на Јирген Клоп погоди само Диаз.

Барселона ја оправда фаворитската улога и славеше со 5-1 против Викторија Плзен, а три од головите даде новиот напаѓач Роберт Левандовски, додека уште по еден постигнаа Кеси и Торес, а на спротивната страна погоди Сикора.

Баерн успеа да слави на гости кај Интер со 2-0, додека Тотенхем беше подобар од Марсеј (2-0), Клуб Бриж го изненади Баер Леверкузен (1-0), а Атлетико Мадрид и Порто одиграа 2-1.