Навивачи на Филаделфија го налутија Кармело Ентони кој тргна да ги тепа! 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Двајца навивачи на Филаделфија беа исфрлени од кошаркарската арена поради расистички навреди испратени кон кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Кармело Ентони.

Ентони не можеше да издржи и реши да се пресмета со навивачите, а најпрво влезе во жестока караница, по што тргна кон нив, но судиите успеаа да реагираат на време.

Филаделфија на крајот славеше со 105-87, а коментар за целата ситуација даде тренерот на Лејкерс, Френк Вогел.

„Ова е неприфатливо однесување на навивачите“, кажа Вогел.