Навивачите на Јунајтед тажни, Солскјер беше брутално искрен: Не ја заслуживме Лигата на шампионите…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед речиси сигурно нема следната сезона да игра во Лигата на шампионите.

„Црвените ѓаволи“ вчера ремизираа со Хадесфилд и така повторно ги разочараа своите навивачи.

Оле Гунар Солскјер повторно се најде на мета на критиките.

„Ја пропуштивме шансата да се пласираме во Лигата на шампионите. Можеби некој ќе каже дека вчера ја загубивме шансата за пласман во Лигата на шампионите, но тоа не е така. Во текот на целата сезона играме лошо. Не бевме способни за тоа и најдобро е да играме во Лига Европа следната сезона“, истакна Норвежанецот.

Истакна дека неговите фудбалери се трудеа, но тоа е што е.

„Трудот и ставот не беа проблем. Играчите се трудеа и се бореа. Едноставно не бевме доволно добри. Тоа е проблемот“, додаде Сослкјер.

Јунајтед на едно коло пред крајот се наоѓа на шестата позиција со 66 освоени бодови.