Навивачите на трибини со скандирање му честитаа на Ѓоковиќ, а Ноле им се поклони до под! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ тренира на Марбелја и на својот 33. роденден не очекуваше дека ќе добие интересна честитка.

Луѓето од комплексот „Пуенте Романо“ не му го заборавија роденденот на Ѓоковиќ, додека Србинот се подготвуваше на теренот.

Групата навивачи почна да скандира, а Ѓоковиќ веднаш им се поклони до под. Подоцна тоа го сподели со фановите на социјалните мрежи.

Да потсетиме, градоначалничката на Марбелја, Анхелес Муњоз пред неколку дена му го остави комплексот на тенисерот и потврди дека може да тренира.

„Многу ви благодарам на сите за роденденските честитки“, напиша Ѓоковиќ и се заблагодари на шпански.