„Не би можел ни кафе да испијам со Ѓоковиќ“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот француски тенисер и шампион на Ролан Гарос, Јаник Ноа кажа дека не е фан на најдобриот српски играч Новак Ѓоковиќ.

Французинот во интервју за аргентински „Ла Насион“ кажа дека со Ѓоковиќ не би пиел ниту кафе.

„Ѓоковиќ? Не го чувствувам близок. Федерер и Надал имаат поголема харизма од него. Не ме привлекува тенисот на Ѓоковиќ. Не би можел со него ниту кафе да испијам“, кажа Јаник.

Србинот ќе настапи на Ролан Гарос, каде што ја брка 23. гренслем-титула во кариерата со што ќе го надмине Рафаел Надал.