Не била цигара: Откриено што правел Балотели во соблекувалната! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми утринава го обвинија Марио Балотели дека запалил цигара пред мечот меѓу Бреша и Јувентус, но очигледно обвинувањата биле залудни, зашто се појави снимка на која се покажува што правел Италијанецот.

Балотели, по четири кола пауза поради суспензија, конечно се врати на фудбалскиот терен и тоа во дресот на Бреша, но не успеа да остане непоразен против актуелниот италијански шампион Јувентус.

Иако утринава беше обвинуван дека пушел цигара, па поради тоа немал уште подобар настап против „Старата дама“, сепак на Јутјуб беше објавена снимка на која се гледа дека Балотели се пресоблекува во соблекувалната пред мечот, а не дека пуши цигара.