Не е само Мбапе: Уште една ѕвезда ќе си замине од ПСЖ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ПСЖ се соочува со сериозен потрес по елиминацијата од Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), а најновите информации од Франција се дека Бразилецот Нејмар од лето ќе си бара нов клуб.

Веќе долго време се шпекулира дека Нејмар ќе си замине затоа што раководството не е задоволно од настапите на бразилскиот репрезентативец

Нејмар има договор до 2025 година, но претседателот Насер Ал Келаифи и неговиот спортски директор Леонардо сакаат да се ослободат од најскапиот фудбалер во светот.

Заминување од Париз најави и Килијан Мбапе, кој треба да потпише за Реал Мадрид следното лето и да се пресели во редовите на гигантот како слободен играч.