„Не играат Роналдо против Бејл, веќе два фантастични тима“


Време е за ЕП: Супер дерби уште на стартот, тест за домаќинот! ↓↓↓


Најдобриот фудбалер на Велс Герет Бејл почна со најавата за мечот од полуфиналето на Европското првенство во Франција каде што неговата екипа игра против Португалија.

Во тој меч, на мегдан ќе излезат најголемите ѕвезди на Реал Мадрид Герет Бејл и Кристијано Роналдо еден против друг, а велшкиот фудбалер истакна дека тоа не е меч само на нив двајца, веќе дека се среќаваат две силни репрезентацијата кои играат тимски.

„Во полуфиналето не постојат два играчи, веќе два тима. Но ако зборуваме за Кристијано, тој е одличен фудбалер. Сите знаат што тој може да направи на теренот. Сепак, ние сме концетрирани на тоа што можеме да направиме како тим. Не сме фокусирани на индивидуалните способности. Мојот сон е да победиме во полуфиналето и ништо повеќе. Освен тоа, не треба да гледаме понатака“, рече Бејл.