„Не ме интересира статистиката на Ѓоковиќ, Федерер е најдобар во историјата!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Адријано Паната, освојувач на Ролан Гарос од 1976 година, смета дека Роџер Федерер е убедливо најдобар тенисер во историјата и тоа не може да се промени.

Во текот на кариерата Италијанецот освои десет титули, а сега зборуваше за актуелните тенисери.

„Тоа е лесно – Роџер Федерер е најдобар во историјата! Статистиките во корист на Ѓоковиќ не ме интересираат. Јас на работите гледам поинаку – стил, чувство, целосна игра. Федерер е подобар од другите“, кажа 69-годишниот Паната.

Федерер досега освои 20 гренслем-титули, една повеќе од Рафаел Надал и три помалку од Ѓоковиќ, кој има подобар меѓусебен резутат со двајцата тенисери, а беше сопственик и на четири гренслем-титули во исто време.