„Не ми беше жал за Џерард, зашто не сум навивач на Ливерпул“


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Ливерпул сезонава е многу блиску до титулата во Премиерлигата по пост од речиси 30 години, а доволно зборува дека овој трофеј на навивачите на „црвените“ им е поважен од тој во Лигата на шампиони.

Ливерпул до крајот ќе води голема борба со Манчестер сити за шампионската титула, па се надеваат дека конечно ќе го скршат проклетството и ќе ја освојат титулата, која долго време је чекаат.

Тие беа на праг да ја освојат титулата во 2014 година, кога речиси ја имаа во свои раце, но тогаш си ги уништија шансите против Челси на домашен терен. Мечот се играше на 28 април 2014 година, а тогаш „сините“ славеа со 2-0, а мечот го одбележа големата грешка на Стивен Џерард.

Тогаш грешката на Џерард ја искористи Демба Ба, кој ја затресе мрежата на Ливерпул и обезбеди триумф од 2-0.

„Не ми е жал за Ливерпул, ниту за Стивен Џерард, зашто не сум нивни фан“, кажа Ба.