Не можеше без контроверзи: Моментот кој им го скрши срцето на Хрватите! 🎥


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Секунди ја делеа Хрватска од пласман на Олимписките игри (ОИ) во Токио, меѓутоа за првпат по 2000 година тие нема да бидат на натпреварувањето.

Хрватите не го минаа квалификацискиот турнир затоа што Португалија со гол во последните секунди ја победи Франција со 29-28.

Самиот финиш на натпреварот беше контроверзен, посебно поради нелогичните потези на француските ракометари.

Најмногу изненади одлуката на Мелвин Ричардсон на десет секунди пред крајот да прави глупаво додавање и така да ја изгуби топката, а притоа да им овозможи лесен гол на Португалците.

Интересно е и тоа што Французите успеаа да израмнат во последната секунда, но судискиот пар од Германија го поништи погодокот.