Не му доаѓа памет: Мекгрегор заврши во затвор!

Контроверзнот борец во ММА, Конор Мекгрегор предизвика нов скандал кој беша главна тема во сите светски медиуми.

Популарниот борец бил уапсен кога полицајците го фатиле во Бентлито вредно 170.000 евра, а лускузниот автомобил му бил запленет.

Против Ирецот е поднесена соодветна кривична пријава и следниот месец ќе мора да се појави пред Судот, а поради претходни прекршоци му се заканува затворска казна од шест месеци.

Мекгрегор важи за личност кој прави постојано инциденти, па неколку пати беше уапсен поради тепачки пред ноќни клубови.