Не сакав Бонучи два пати да ме совлада


Време е за ЕП: Супер дерби уште на стартот, тест за домаќинот! ↓↓↓


Германската репрезентација во вчерашното четвртфинале успеа да ја елиминира Италија после подоброто изведување на пенали.

Мануел Ноер во второто полувреме беше совлада од Леонардо Бонучи после удар од белата точка, но во пенал рулетот не дозволи исто сценарио.

“Никогаш не сум доживеал ваков пенал рулет. Две топки можев да одбранам, а останатите шутираа во средина. Не сакав Бонучи втор пат да ме совлада, па одбранив. Италијаните не шутираа онаму каде што најчесто го прават тоа. Мислам дека добро беа припремени бидејќи знаеа дека и јас ќе ја завршам својата домашна задача”- изјави Ноер.