Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Колумбиецот направи важна одлука…
Како што сега стојат работите Карлос Бака ќе биде една од водечките фигури на преодниот рок кој надоаѓа, бидејќи останувањето во Милан е се подалеку, а заинтересирани клубово има на сите страни.
Најдобриот стрелец на Росонерите во претходната сезона веќе се најде на списокот на желби на новиот тренер на Пари Сен Жермен Унаи Емери, кој сака да ја обнови соработката започната во Севиља пред неколку години, а огромен интерес искажа и кинески Џијангсу. Еден од најголемите расипувачи на зимскиот преоден рок го цели Бака како прва опција во нападот во ова лето, поради што следеше контакт.
Луѓето од Џијангсу го претставиле на застапниците на Бака пребогатиот четиригодишен договор вреден 10 милиони евра по сезона, без бонуси. Сепак, кога таа информација стигна до Килумбиецот, тој моментално одговори дека не сака да се сели во Кина и дека парите не му се приоритет. Во споредба со работата, во Милан добива 3.5 милиони годипшно.
Многу интересна ситуација, навистина, посебно, ако се земе во предвид какво детство имаше Бака, и дека мораше да лови риба со цел да ги прехрани татко му и мајка му. Секако одлука која навивачите на Милан ја ценат.
Не е се во парите. Додуша, ако го прашате Хулк, веројатно ќе добиете подруг одговор.