Не „цветаат рози“ ниту во Сити: Нешто се случи, и оддекнува како бомба неговата потенцијална разделба со „Граѓаните“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Сити со Ливерпул води голема битка за титулата во Англија.

„Граѓаните“ имаат натпревар помалку од „Црвените“ и фаворити се за трофеј поради таа причина, а моментално се два бода зад тимот од „Енфилд“.

Иако Сити игра навистина одлично, менаџерот Пеп Гвардиола оваа сезона има доста проблеми со германската ѕвезда, Сане.

Сане е одличен оваа сезона. Запиша 15 погодоци и 18 асистенции во 43 одиграни натпревари, но во последно време односите помеѓу Сане и Гвардиола поприлично се ладни.

Како што наведуваат англиските медиуми, Сане одлучи да го продолжи договорот со Сити. Челниците на актуелниот англиски шампион му понудија нова соработка, но тој одлучи да ја одбие.

„Нешто се промени во неговата глава, подготвен е да го напушти клубот веќе ова лето“, зборуваат за англиските медиуми добро информираните извори од плавиот дел на Манчестер.

Германецот со „Граѓаните“ е фрзан со договор до летото 2021. година. Сепак, по заладувањето на односот, Сити е подготвен да го продаде и тоа за сума од 100 милиони евра.

Веќе 23-годишниот фудбалер се поврзува со одредени клубови. Тоа се Баерн и Јувентус, кои бараат засилувања во најавените реконструкции на тимот и ќе биде интересно да се види што ќе се случи со Сане.

Во Баерн особено подготвени го чекаат неговото „да“. Веруваат дека тој е вистинската замена за Френк Рибери и лесно би можело да се случи Сане да се врати во Германија.

Сане во Сити веќе е трета година, а пристигна од редовите на Шалке.