Недвед тврди: Роналдо и Пирло ќе останат во Јувентус!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед зборуваше за „ДАЗН“ за иднината на Кристијано Роналдо и Андреа Пирло во екипата.

„Бјанконерите“ играат многу лошо оваа сезона, па може лесно да се случи да останат без ниту еден освоен трофеј и поради тоа почнаа шпекулациите за иднината на Пирло и Роналдо.

„Кристијано Роналдо ќе остане во Јувентус. Тој е недопирлив. Исто така, Андреа Пирло ќе биде наш тренер следната сезона“, кажа Недвед.

Навивачите на „Старата дама“ не се задоволни од настапите на Јувентус, а останува да видиме дали шампионот ќе освои некој трофеј.

Во моментов Јувентус е далеку зад лидерот Интер и изгледа дека ја загуби трката за Скудетото.