Негативен рекорд на Конте во Серија А


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Италијанските медиуми денес потенцираат дека оваа сезона за тренерот на Наполи, Антонио Конте, е најлоша ако се гледаат освоените поени на неговиот тим во Серија А.

Наполи во моментов има 70 бодови, а во преостанатите три кола може да стигне најмногу до 79, што би бил исто така негативен рекорд во тренерската кариера на Конте во клубовите од Серија А, каде што никогаш не освоил помалку од 80 поени, а тимот го водел цела сезона.

Најмногу поени Конте освоил со Јувентус, дури 102 во шампионската сезона 2013/14, а во уште две сезони со „бјанконерите“ освоил 87 и 84 поени.