Нејмар го покажа пивскиот стомак на одмор со згодни девојки 📸


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И додека голем дел од фудбалерите почнаа со подготовките за новата сезона, дел од фудбалерите имаат привилегија да уживаат во продолжен одмор.

На одмор уште се наоѓа Нејмар. Ѕвездата на ПСЖ доби дополнителни слободни денови откако играше со Бразил во финалето на Копа Америка, каде што неговата репрезентација беше поразена од Аргентина.

Бразилецот се најде во идеалните 11 на натпреварувањето со два гола и три асистенции, по што замина на одмор, но очигледно претера.

Овој 29-годишен фудбалер целосно се опушти и на фотографиите кои беа објавени на социјалните мрежи може да се забележи дека има пивски стомак, па многумина го споредија со Роналдињо и Роналдо.