Нејмар имаше операција во Бразил: Сè ќе биде добро!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Нејмар беше опериран во татковината, откако доживеа тешка повреда на мечот против Уругвај во квалификациите за Светското првенство (СП).

Операцијата на вкрстените лигаменти, како и менискусот на левото колено траеше четири часа и поради тоа го очекува долга пауза.

Нејмар по операцијата објави фотографија на социјалните мрежи и испрати кратка порака до неговите фанови.

„Сè ќе биде добро“, напиша Бразилецот.