„Нејмар останува и покрај шпекулациите“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За услугите на Нејмар заинтересирани се многубројни клубови ширум Европа, сепак, Серхио Бускетс е убеден дека неговиот соиграч ќе остане верен на Барселона.

„Не сум загрижен, во светот на фудбалот се што треба да се случи, ќе се случи. Сепак, тој рече дека се чувствува добро, дека му е пријатно, па така верувам дека ќе остане и покрај шпекулациите“, истакна Бускетс.

Играчот за врска на Барселона зборуваше и за заминувањата на Дани Алвеш и Марк Бартра.

„Тие се одлучија да го напуштат клубот, а ние како соиграчи се чувствуваме лошо поради тоа, сепак, мораме да ги почитуваме нивните одлуки“, заклучи Бускетс.