Нејмар скршен од тага: Ова е најлош момент во мојот живот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот репрезентативец Нејмар се повреди на натпреварот против Уругвај (0-2) во квалификациите за Светското првенство (СП) и го чека пауза од шест до девет месеци.

Докторите потврдија дека Нејмар ги оштетил вкрстените лигаменти и менискусот на левото колено, па сега Бразилецот испрати порака преку социјалните мрежи.

„Ова е тажен момент. Ова е најлош момент во мојот живот. Знам дека сум силен, но овој пат ми е потребна поддршка од најблиските. Не е лесно да се помине низ повреда и операција. Сè оставам во рацете на Бог. Ви благодарам за поддршката“, објави Нејмар.

За Нејмар е завршена оваа сезона со Ал Хилал, а најверојатно ќе ја пропушти и Копа Америка со Бразил.