„Нека ни помогне Бог ако Зверев треба да го носи тенисот на неговите рамена“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хозе Морон, првиот човек на специјализираниот тениски сајт „Пунто де Брејк“ напиша колумна „Кога Кирјос е тој што зборува со здрав ум кон сите…“.

Морон пишуваше за Александер Зверев, кој во неделата го шокираше светот со видео дека се забавува со евојки, а неколку дена претходно кажа дека оди во самоизолација.

Морон во текстот го спомена и потенцијалното одржување на Ју-Ес Опен на кое ќе има строги правила и се прашува „кој може да му верува на Зверев дека ќе биде дисциплиниран“.

„Би сакал да слушнам што има да каже Федерер на ваквото однесување на Зверев. Да потсетиме дека Германецот е дел од агенција која го застапува Роџер Федерер. Ако тоа што го направивте во Белгард ви наштети на вашиот имиџ, тоа што се случи во недела е ненормално. Ако треба во следните години Зверев да го носи тенисот на свои рамена, нека ни помогне Бог“, пишува Морон.