Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Португалскиот фудбалски репрезентативец Рафаел Леао потврди дека планира да го напушти Милан по завршување на следното Светско првенство, нагласувајќи дека сака нов предизвик и продолжување на кариерата во друга лига.
Дваесет и шестгодишниот напаѓач изјави за португалските медиуми дека смета дека го дал максимумот за време на седумгодишниот престој во италијанскиот гигант.
“Лично, дадов сè за Милан. Тоа е клуб што многу ми помогна да напредувам и ме поддржуваше во тешки моменти. Среќен сум што можев да оставам траг во историјата на клубот. Секој има амбиции, а јас сонувам за нов предизвик во нова лига. Ако тоа се случи, ќе бидам многу среќен затоа што ја завршив мојата работа во Милан како што треба”, рече Леао.
Тој подвлече дека моментално неговиот приоритет е настапот за репрезентацијата на Португалија на Светското првенство 2026 година.
















