Некогашниот играч и спортски директор на Реал отворено: Погба не е човекот за Реал Мадрид…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид има свој стил на игра и некогашниот спортски директор и генерален менаџер на клубот смета дека нема да има премногу промени.

Дали Зинедин Зидан ќе доведе играч кој ќе биде најскап во историјата на фудбалот?

Постои шанса за тоа, ако е некој способен на таков трансфер тогаш тоа е трикратниот европски шампион, Реал Мадрид.

Еден од фудбалерите кои се на цена е и Пол Погба кој често се поврзува со Реал Мадрид, особено по секој пораз на Манчестер Јунајтед.

Сепак, има и такви кои сметаат дека Погба не треба да биде во Реал, меѓу нив е и некогашниот фудбалер на Реал и спортски директор, како и генерален менаџер, Хорхе Валдано.

„Не би допринел многу за овој систем на игра. Мислам дека само би постигнувал повеќе погодоци од сегашните играчи за врска. Тој е повеќе стрелец од останатите играчи за врска на Реал“, истакна тој.

Покрај тоа, Валдано смета дека Бензема е клучен играч на Реал Мадрид и дека без него тимот игра далеку послабо.