Нема да бидеме воздржани против Ирска


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Селекторот на репрезентацијата на Франција Дидие Дешам изјави дека неговите фудбалери нема да бидат воздржани во натпреварот против Ирска од осминафиналето на Европското првенство.

“Ова е нокаут фаза или поминувате или испаѓањете. Работите сега се малку повозбудливи, но нас ништо нема да не направи воздржани или мирни. Сега сме помеѓу најдобрите 16, наша цел е да ја поминеме оваа препрека. Нокаут фазата е сосема поинкава од групната фаза”– смета Дешам.

Дешам смета дека Франција смета се потпира на одбраната во тимот.

“Кога сте на високо ниво, морате добро да се браните, но за да победиме морате и да постигнувате погодоци. Вредно работевме, ги прегледувавме нашите дефанзивни недостатоци и се обидуваме да бидеме колку што е можно постабилни. Во првите три натпревари примивме само еден гол и тоа од пенал. Мораме да продолжиме така”- изјави селекторот на репрезентација на Франција.

Натпреварот помеѓу Франција и Ирска се игра денес од 15:00 часот.