Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија, Фернандо Сантош, изјави дека нема фаворит во претстојниот натпревар помеѓу неговата и селекцијата на
Полска во четвртфиналето од Европското првенство.
“Полска има силен тим, игра на високо ниво. Сигурен сум дека тоа ќе биде тежок натпревар”– изјави Сантош.
Фудбалерите на Португалија и Полска го играат денес со почеток ов 21:00 часот.
“Додека ја водев Грција играв против Португалија пред четири години и се сеќавам јасно. Јакуб Балжиковски, Роберт Левандовски и уште неколку играчи од тој тим сеуште се тука, но многу напредуваа од тогаш. Секако дека овој натпревар е далеку поразличен од оној во 2012. Ова ќе биде натпревар во кој двете екипи сакаат пласман во полуфиналето. Полска верува дека ќе помине, но и ние веруваме. Нема фаворит, шансите се 50:50”– изјави Сантош.