Нема лабаво со Биелса: Алиоски и другарите тренираат секој ден?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Марсело Биелса често го нарекуваат „Лудак“, но ова во моментов ги прекршува сите правила. Англиските медиуми објавија дека Биелса ги тера фудбалерите да тренираат секој ден и покрај тоа што Европа се бори со коронавирусот.

Клубовите ширум Англија и останатите се наоѓаат во карантин и на никој не му е до фудбал во моментов, но Биелса не сака да губи време.

Лидс тренира најнормално, па најверојатно тоа нема да има никакви последици за фудбалерите и останатите членови на клубот.

Избраниците на Биелса во моментов се лидери во англиската Чемпионшип-лига со 71 бод, а таму фудбал нема да се игра до крајот на месецот.