Нема попуштање, за прв пат во историјата ќе се случи вакво нешто: Ливерпул во два дена ќе игра два натпревари на два различни континенти…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од Лига Купот ги потврдија датумите за четвртфиналните натпревари кои ќе се одржат на 17 декември.

Тимот на Ливерпул ќе игра против Астон Вила, а интересно е тоа што само еден ден подоцна клубот треба да учествува во полуфиналето на клупското Светско првенство што се игра во Катар.

Ова претходно не се има случено во фудбалот, па Ливерпул веројатно ќе биде првиот тим кој ќе игра во две натпреварувања со два различни тима.

Веројатно Ливерпул поголемо внимание ќе му даде на Светското клупско првенство, па така против Астон Вила на теренот ќе истрчаат млади фудбалери од академијата, а кој ќе ги води од клупата, останува да видиме.