Неочекуван потег на Ѓоковиќ – ќе игра на турнир во Женева


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вчера донесе одлука да настапи на турнирот во Женева, кој е дел од серијата 250 и ќе се одржи од 18 до 25 мај.

Ѓоковиќ се надева дека турнирот во Женева ќе му биде добра подготовка за предизвикот кој го чека на Ролан Гарос.

„Среќен сум што се враќам на теренот. Наскоро одам во Женева, се гледаме таму“, кажа Ѓоковиќ.

Србинот во првото коло ќе биде слободен, по што ќе се соочи против подобриот од мечот меѓу Енди Мареј и Јаник Хофман.