Несреќниот Кулибали со емотивна порака по болниот пораз од Јувентус (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус славеше на домашен терен синоќа со 4-3 против Наполи во фантастичното дерби, кое го одбележа автоголот на Калиду Кулибали.

Сенегалецот по слободниот удар ја испрати топката во сопствената мрежа во судиското надополнување, а Јувентус на крајот славеше.

По мечот, несреќниот стопер се огласи на социјалните мрежи и кажа дека му е многу тешко поради автоголот и поразот.

„Тоа што ме боли е автоголот по неверојатниот кам-бек. Жал ми е, но морам тоа да го прифатам. Ние сме силни и мора тоа да го покажеме и докажеме“, напиша Кулибали.