Неверојатна ноќ во НБА: Мичел постигна 71 поен, а Томпсон стигна до 54 (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Минатата ноќ во НБА-лигата беа одиграни неколку одлични натпревари, а на еден од нив славеше Кливленд кавалирс со 145-134 против Чикаго булс, додека на паркетот блесна Донован Мичел сo 71 поен, 11 асистенции и осум скокови.

Одлична ноќ имаше и Клеј Томпсон кој постигна 54 поени во триумфот на Голден Стејт вориорс од 143-141 против Атланта хокс.

Никола Јокиќ со 24 поени, девет асистенции и седум скокови не успеа да му помогне на Денвер нагетс против Минесота, додека Лука Дончиќ постигна 39 поени, 12 скокови и осум асистенции за победа на Далас против Хјустон од 111-106.