Неверојатна сцена во Лисабон: Навивач со стап го гаѓаше Дијаз (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Ливерпул го направија првиот чекор кон полуфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), откако беа подобри од Бенфика со 3-1 во Лисабон во првиот четвртфинален меч.

Дијаз учествуваше во два од трите гола на Ливерпул, а при вториот запиша асистенција, додека во 87. минута и самиот се запиша во листата на стрелци.

Неговиот гол предизвика гнев кај навивачите, па еден од нив го гаѓаше со стап, но за среќа не го погоди фудбалерот на Ливерпул.

Дијаз пристигна во Ливерпул од Порто, голем ривал на Бенфика, па нетрпеливоста на навивачите беше очекувана, но останува прашање како навивачот стигна до стапот со кој го гаѓаше ривалот.