Неверојатниот Тим го совлада Медведев и избори финале на Ју-Ес опен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Доминик Тим за првпат во кариерата ќе игра финале на Ју-Ес опен. Третиот тенисер во светот во полуфинале го совлада Данил Медведев со 6-2, 7-6 и 7-6.

Австриецот по четврти пат во кариерата ќе се бори за една од најголемите титули во тенисот, претходно загуби во финале на Австралијан опен (2020) и двапати загуби во финалињата на Ролан Гарос (2018, 2019).

Медведев не успеа да го повтори минатотогдишниот резултат, кога стигна до борбата за титула. Тим беше подобар во важните моменти, бираше вистински удари и го надигра ривалот.

Тим го заврши мечот со 22 винери и 33 неизнудени грешки, додека Медведев имаше 29 директни поени и дури 44 грешки.