Неверојатно: Браќата Кари ќе играат во финалето на Западот (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипите на Портланд и Голден Стејт ќе играат во финалето на Западната конференција во НБА-лигата, која ќе има посебна тежина, зашто по првпат во историјата ќе играат браќа еден против друг.

Голден Стејт со 4-2 го исфрли Хјустон, а екипата која ја предводи Стеф Кари го пречека својот противник, откако во седмиот меч Портланд го победи Денвер.

Сет Кари сезонава се пресели од Далас во Портланд, а тоа испадна како полн погодок. Тој игра околу 20 минути по натпревар и постигнува 5,4 поени. Од друга страна, постариот Стеф е еден од лидерите на Ворорс, па сезонава постигнува по 24,3 поени за 36,4 минути на паркетот.

Првиот дуел меѓу браќата Кари, односно Портланд и Голден Стејт се игра на 14 мај во Оукленд со почеток од три часот по полноќ.