Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските медиуми вчера најавија, а сега и познатиот мајстор за трансфери, Фабрицио Романо, кој објави дека Жуниор Фирпо и дефинитивно ќе ја напушти Барселона и ќе се пресели во Лидс, каде што најверојатно ќе го замени македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, чиј договор со премиерлигашот завршува наскоро.
Фирпо во претходните две сезони добиваше шанса од клупата за резервни фудбалери и не ги оправда очекувањата на Каталонците, па поради тоа ќе биде продаден.
Романо потврди дека Фирпо е на чекор до преселба во Лидс, па се чека само официјална потврда на трансферот, а овој 24-годишен играч во следните денови ќе потпише и договор.
Фирпо во претходниот период се поврзуваше и со преселба во Милан, кој не можел да му ги исполни финансиските барања, па поради тоа реши левиот бек да потпише со премиерлигашот.
Leeds are set to sign Junior Firpo from Barcelona, confirmed. The agreement will be completed for €15m + add ons, final details then deal done. 🚨 #LUFC #FCB
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 28, 2021
AC Milan are currently out of the race as Barça prefer to sell Firpo on permanent deal, as reported by @tjuanmarti.