Неверојатно: Го преживеа падот на авионот на Чапекоенсе, а сега и страшна сообраќајка!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на бразилски Чапекоенсе доживеаа авионска несреќа на 28 ноември 2016 година на пат кон Колумбија и речиси цел тим го загубија животите, односно починаа 71 лице, а само шест ја преживеаа несреќата.

Меѓу тие кои ја преживеаа несреќата беше и Едвин Тумири, кој успеа да почне нов живот, но пред два дена повторно доживеа страшна сообраќајка.

Автобусот во кој се наоѓал паднал во провалија висока 150 метри, а притоа починаа 21 лице, а Тумири повторно имаше среќа и преживеа.

„Излегов некако од автобусот. Забележав дека коленото ми е повредено, седнав и размислив: Повторно, не можам да верувам“, вели тој.